Голеадата на Стемфорд Бриџ заврши без победник. Неверојатни 4-4 беше конечниот исход на натреварот по кој на крајот се радуваа “сините“ кои во третиот обид успеаа да го елиминираат Ливерпул во нокаут фазата.


Почеток од соништата имаа црвените кои по половина час играа преку Аурелио и  Алонсо од пенал имаа 2-0 предност. Челси со головите на Ањелка, Алекс и Лампард направи комплетен пресврт 3-2. Во последните десет минути Ливерпул возврати со головите на Кајт и Лукас се вратија на гол до пласман меѓу најдобрите четири. Крај на сите надежи на “црвените“ стави Лампард со голот во 88 минута.


На останатото четврт финале Баерн Минхен ремизираше со Барселона 1-1. Рибери го отвори резултатот на старт на вториот дел додека конечените 1-1 ги постави Кеита.

Во полуфиналето ќе играат Челси – Барселона.