Италијанската Серија А ќе има само два свои преставници (Јувентус и Рома) во ТОП 16 во Лигата на Шампиони, откако не успеа да ги надмудри клубовите од англиската Премиер лига. Натпреварите во фазата по групи ги завршија Интер и Наполи, додека пласман понатаму обезбедија Ливерпул и Тотенхем.
Ливерпул и Наполи во директен дуел на Енфилд одлучуваа за патникот, а Интер и Тотенхем во различни мечеви бркаа билет за 1/8 финалето. „Црвените“ со 1-0 ги совладаа „азурите“ и ја преживеаја групата на смрта. Стрелец на погодокот вреден победа беше Мо Салах во првото полувреме.
Тотенхем и Интер со ист скор на бодови ја започнаа последната рунда, но англичаните поради подобрата гол разлика беа на втората позиција. Ситуацијата на табелата не се промени, бидејќи Тотенхем извлече реми 1-1 на гостувањето во Барселона, а Интер неочекувано ремизираше пред своите гледачи со ПСВ Ајндховен.
Резултати:
Група А: Клуб Бриж – Атлетико Мадрид 0-0, Монако – Борусија Дортмунд 0-2
Табела: Бoрусија Дортмунд 13, Атлетико Мадрид 13, Клуб Бриж 6, Монако 1
Група Б: Барселона – Тотенхем 1-1, Интер – ПСВ Ајндховен 1-1
Табела: Барселона 14, Тотенхем 8, Интер 8, ПСВ Ајндховен 2
Група Ц: Црвена Ѕвезда – ПСЖ 1-4, Ливерпул – Наполи 1-0
Табела: ПСЖ 11, Ливерпул 9, Наполи 9, Црвена Ѕвезда 4
Група Д: Галатасарај – Порто 2-3, Шалке – Локомотви Москва 1-0
Табела: Порто 16, Шалке 11, Галасатарај 4, Локомотив Москва 3.
OhridNews