Попладнево во Нион се одржа ждребот за плеј-офот за влез во елитната Лигата на Шампионите. По пет места се одредни за шампионите и пет за екипите нешампопни кои доаѓаат од водечките европски првенства.
Шампионски ждреб:
Салзбург (Австрија) – АПОЕЛ Тел Авив (Израел)
Розенборг (Норвешка) – Копенхаген (Данска)
Базел (Швајцарија) – Шериф (Молдавија)
Спарта Прага (Чешка) – Жилина (Словачка)
Партизан (Србија) – Андерлехт (Белгија)
Нешампионски
Јанг Бојс (Швајцарија) – Тотенхем (Англија)
Брага (Португалија) – Севиља (Шпанија)
Вердер Бремен (Германија) – Сампдорија (Италија)
Зенит (Русија) – Оксер (Франција)
Динамо Киев (Украина) – Ајакс (Холандија)
Првите натпревари се на 17/18 Август, а реваншите се една недела подоцна, односно на 24/25 Август.Победниците ќе изборат пласман во Лигата на шампионите, поразените сезоната ќе ја продолжат во Лига Европа.