По подолго време менаџерот на Челси, Карло Анчелоти може да биде задоволен на играта и резултатот на неговите фудбалери. “Сините“ на гостувањето во Копенхаген обезбедија солидна предноста пред реванш мечот на домашен терен. Францускиот интернационалец Николас Ањелка на два пати ја тресеше мрежата на Вилден.

Лошите резултати во фудбалот мора да се заборават и да се свртиш кон наредниот натпревар. Денес одигравме добро остваривме солиден резултат. Целиот натпревар бевме концетрирани на играта, резултатот и добро се припремивме за дуелот со Копенхаген. Но, ништо не е решено има уште 90 минути да се одиграат па после може да славиме за пласманот понатаму – потенцираше италијанецот Карло Анчелоти.

Зимското засилување во Челси, шпанецот Фернандо Торес не успеа да го постигне својот дебитански погодок во дресот на “сините“.  Торес не постигна гол но беше на висини на задачата. Заслугата за триумфот на гостувањето оди кај напаѓачите тие беа сјајни цело време – додаде Анчелоти.


Реванш мечот на Стемфорд Бриџ се игра на 15 март.

Видео : Ањелка и “сините“ го покажаа другото лице

Мх.П.