Поволна жрепка за фудбалерите на Вардар, доколку го минат БАТЕ Борисов во второто квалификациско коло, во Лигата на шампиони.
Вардарци, во среда на 25. јули, во реваншот од второто коло во Лигата на шампиони ќе ја бркаат негативата од 2:3 против БАТЕ Борисов.
Доколку македонскиот првак го мине белорускиот шампион, за противник ќе го има победникот од двомечот помеѓу Скендербег (Албанија) и Дебрецин (Унгарија), албанскиот шампион по првиот меч има предност од 1:0.
Првите натпревари во третото квалификациско коло ќе се одиграат на 31. јули и 1. август, а реваншите се закажани за 7 и 8 август.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com