Со натпреварите помеѓу Ајакс – Реал Мадрид односно Тотенхем – Борусија Дортмунд продолжуваат возбудувањата во осминафиналната етапа во Лигата на Шампиони.

Ајакс пред своите гледачи на „Јохан Кројф“ арената ќе ги предизвика „кралевите“. Холанѓаните кои не се наоѓаат во добра форма се надеваат на добра игра и победа против шпанскиот состав.

  • Верувам дека можеме да победиме било кого. За нас зборуваат оти не сме во добра форма, но тоа ништо не мора да значи на дуел со Реал Мадрид. Мотивацијата која е голема кај нас може да биде пресудна. Реал Мадрид е фаворит без разлика на името од спротивната страна. Затоа нам ќе ни треба перфектен натпревар и поддршка од домашната публика. – изјави српскиот репрезентативец Душан Тадиќ.

Реал Мадрид три година во низа ја освојува титулата во Лигата на Шампиони што значи дека нема доживеано елиминација. Избраниците на Сантијаго Солари ја најдоа формулата за успех и би требало да го покажат правото лице во Холандија.

  • Ајакс е познат со играта со топка и системот на работа со млади играчи. Посветени се и играат напаѓачки. Нема да биде лесно, бидејќи ова е нок аут фаза во Лигата на Шампиони. Ние имаме свои цели и ако ги оствариме ќе биде добро во спротивно ќе имаме повеќе задачи на реваншот на Сантијаго Бернбеу. – изјави Солари.

Вечерашните мечеви се играат во 21 часот. На синоќешните ПСЖ забележа победа над Манчестер Јунајтед 2-0, додека Рома со 2-1 славеше против Порто на Олимпико.

OhridNews