Фудбалерите на Ајакс зачекорија кон пласман во големото финале во Лигата на Шампиони, откако со минимални (1-0) го совладаа Тотенхем во првиот меч од полуфиналето кој се одигра во Лондон.

Избраниците на Ерик тен Хаг одиграа нов генијален тактички натпревар и сосема заслужено стигнаа до триумф против англискиот премиерлигаш. Гостинската победа е трета за Ајакс во елиминациска фаза. Претходно, тимот на Ајакс славеше над Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу и над Јувентус во Торино.

Гостите не потклекнаа пред атмосферата на стадионот во Лондон и успеаја да го наметнат својот стил на игра. Благата иницијатива на теренот ја искористија во 15-та минута, кога Дони ван де Бек ја погоди мрежата на Уго Лорис за водство 1-0. Тотенхем до крајот на првиот дел не се закани посериозно. Единствена опасност беа прекините, но погодок немаше.

Тотенхем заигра доста подобро во второто полувреме. Приликите пред голот на Андре Онана се редеа, но домашните фудбалери не успеаја да ја затресат мрежата. Ајаксможеше да го реши прашањето околу финалистот, но ударот на Невес во 77-та минута ја погоди мрежата и Тотенхем остана во игра иако изгуби пред своите гледачи.

Реваншот се игра во Амстердам следната среда.

OhridNews