Во англиското ¼ финале црвените го елимираа Арсенал откако со 4-2 го совладаа на Енфилд . Топџиите први дојдоа во водство преку Диаби, а на 1-1 израмни Хипиа. Серијата голови во вториот дел ја започна Фернадо Торес кој му донесе 2-1 предност на тимот на Бенитез. На пет минути пред крајот откако Волкот го претрча целиот терен и му асиситраше на Адебајор се чинеше дека со израмнувачкиот гол топџиите се во полуфиналето.
Сонот се сруши како кула од карти за три минути, ново влезениот Бабел беше соборен во казнетиот простор за најстрога казна која ја реализираше Жерад, конечените 4-2 ги постави џокерот Бабел во судиското надополнување.
Многу потешко од очекувањата сините од Лондон стигнаа до полфиналето. По само 4 мин игра Балак ги доведе англичаните во водство. Со неколку извонредни интервенции Хиларио не дозволи изненадување. Конечните Челси – Фернербахче (2-0) во самиот финиш од мечот ги постави Френк Лампард.