Бугарскиот премиер Бојко Борисов најавил дека владата од Европската Унија ќе побара да ја заштитат лозовата ракија како национален бренд. Така за половина би се смалиле трошоците до нејзината продажба, а граѓаните помалку би пателе од депресија. Бугарската влада би ја смалила цената на ракијата во земјата како би ги спасиле граѓаните од анксиозност.


Од владата рекле дека ќе поднесат барање лозовата ракија во Европската Унија да се заштити како традиционален бренд, што значително би ги смалило трошоците на бугарите. Така литар ракија би чинел 8 евра, за кој претходно се издвојувале 15 евра. Бугарскиот премиер изјавил дека се свесни дека тоа нема лесно да го остварат, и дека ќе трае со месеци, па можеби и една година.