Пилотот на еден американски патнички авион, кој се обраќал на линија Денвер-Детроит, испратил знак за узбуна до контролната кула на аеродромот во Детроит поради сомнително однесување на тројца патници кои за време на летот на смени се заклучувале во тоалетот. Узбуната била сватена многу сериозно, посебно што настанот се случил на десетгодишнината од терористичкиот напад на светскиот трговски центар во Њујорк.
Авионот го пресретнале и приземјиле два ловци кои биле испратени откако екипажот на авионот го забележал чудното однесување на тројцата патници, две машки и едно женско лице, кои во повеќе наврати оделе до тоалетот во кој се задржувале подолго време. По приземјувањето, во авионот влегла група вооружени специјалци и агенти на ФБИ кои ги извеле тројцата сомнителни патници. Полицијата подоцна соопштила дека лицата по испитувањето биле ослободени без обвиненија, а се претпоставува дека во тоалетот уживале во сексуални активности.