Средниот бек на Вардар, Ловор Јотиќ, по само една сезона во која го носеше црвено-црниот дрес, го напушта клубот. Јотиќ од наредната сезона ќе игра во Бундес лигата, во екипата на Лајпциг.

Јотиќ, минатото лето од Еурфарм Пелистер пристигна во Вардар, тој со Лајпциг потпишал едногодишен договор, со можност истиот да биде продолжен на уште една година.

Јотиќ оваа сезона постигна 40 голови во Лигата на Шампионите. Покрај во Вардар и Еурофарм Пелистер, во кариерата бил играч на Загреб и Алборг.

OhridNews