Филмот „Ловец на чудовишта“ со Мила Јовович викендов беше повлечен од кината во Кина поради шега на сметка на ликот на раперот глумец Џин Ау-Јеунг, која како „расно бесчувствителна“ предизвика бројни негодувања кај Кинезите.
Имено, во спорната сцена, самиот тој вели „Види ми ги колената“ (Look at my knees), по што би следел заклучокот – „тие се кинески“ (they’re Chi-nese)! Римата, сепак не е довршена…
Но, продукциската куќа „Константин филм“ се извини за таа реплика.
Немаше апсолутно никаква намера за дискриминација, навреда или на каков било начин да се повреди кинеската култура. ‘Константин филм’ ја сослуша загриженоста изразена од кинеската публика и ја отстрани реченицата што доведе до ова ненамерно недоразбирање, се вели во известувањето.
И Капком Азија, компанијата сопственик на видеоиграта врз која е заснован филмот, се јави со свое соопштение на кинеската платформа Веибо.
Откако ги чувме вашите мислења за филмот ‘Ловец на чудовишта‘, ги собравме наведените забелешки и ја пријавивме оваа ситуација до соодветните компании, се вели во објавата.