Охридскиот ракометен клуб, утре и задутре ќе одигра два интернационални контролни натпревари со тимот на Ловчен Цетиње од Црна Гора.

Натпреварот во петок ќе стартува во 19 часот, додека саботниот дуел ќе се одигра во 13 часот. Дуелот со црногорскиот клуб ќе биде убава можност за „гладијаторите“ да ги испитаат силите и на дело да ја согледаат моментална форма во екипата.

Охридските ракометари во подготвителниот период одиграа три контролни средби. Охриѓани славеа против Голден Арт КЛ7, а порази претрпеа во дуелите со Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.

OhridNews