Добитно ливче на американската Пaуербол лотарија, вредно рекордни 590,5 милиони долари, било уплатено на Флорида, објавиле организаторите на лотаријата во саботата. Сеуште нема никакви дополнителни податоци за добитникот, а големата награда била извлечена откако џек потот се зголемувал два месеци. Добитните броеви биле: 10, 13, 14, 22, 52 и дополнителниот 11. Изгледите за добитна комбинација биле проценети на 1 спрема 175 милиони.

Добитниците на Пауербол можат да бираат дали добивката да им се подели на 29 годишни рати, што им е поисплатливо поради данокот, или да го примат целиот износ одеднаш. Досегашниот рекорд на оваа лотарија бил 587,5 милиони долари од 2012 година. Најголемиот џек пот освоен во САД изнесува 656 милиони долари а го поделиле тројца добитници на лотаријата Мега Милионс исто така во 2012 година.