Пандев во изминатата сезона постигна 14 гола во Серија А,четири во Лигата на Шампиони и беше еден од најдобрите играчи во просечната сезона на тимот од главниот град на Италија.
Иднината на Пандев на Олимипико беше не сигурна откако на негова адреса пристигна голем број на понуди од европските клубови, пред се од Англија.
Многу пати досега Пандев ја искажа својата желба да остане во Италија, и по разговорите со преседателот Лотито, првиот човек потврди дека “бројот 19“ ќе остане во Рим.
Лацијалите по заминувањето на Стендардо, ке ја засилуваат одбраната. Прв пик на Лотито е французинот Лилијан Турам.