Перфектниот старт на новата сезона, само ги потврди амбициите на ФК Охрид. Влез во повисок ранг и што подобро претставување во националниот куп се афинитетите на раковдството на Охрид предводено од Климе Лоте.

Сите се чудат на ваквиот старт, но ние стрпливо работиме и ја чекаме нашата шанса. Добро е, но место за подборување секогаш има – вели претседателот на клубот Климе Лоте.

По воведните три победи од кои две на гостувањата Охрид во наредното 4-то коло на домашен терен го пречекува Миравци, тимот кој минатата сезона е еден од трите кои го поразија Охрид на Билјанини Извори.

М.П.