– На старот на сезоната нашата желба беше Охрид да го видиме во прволигашкото друштво, но работите не се одвиваа онака како што замислувавме и по само шест месеци се најдовме со една нога во бездната – вели градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Со формирањето на нова управа на чело со комапнијата “Лоте Ина Трејд“ се консолидираа работите и во наредната сезона очекуваме борба за местата кои водат во Првата лига.
Рецептот за успех е јасен, Локална самопуправа и компанија која ќе вложува во спортот е добитната комбинација. Преседателот на клубот Климе Лоте, изрази задоволство од соработката со локалната и најави силен Охрид догодина.
– Соработката со локалната продолжува, наша примарна цел во оваа полусезона беше опстанокот. Во преодниот рок ќе го задржиме костурот на тимот кој го сочинуваат претежно охридски играчи и со неколку засилување ќе атакуваме на место во најелитното друштво – изјави Климе Лоте.
За охридските “сини“ преостанува да се одигра уште едно коло до крајот на првенството, против Нов Милениум на гости.