По одржаниот состанок и преземањето на ФК Охрид, од страна на охридската фирма “Лоте – Ина Трејд“, фудбалерите ги продолжија зимските подготовки.

Со екипата ќе раководи нов стручен тим, соопшти новиот спонзор.  Во зимскиот преоден рок “сините“ ги напушти само Оливер Попчаноски кој замина во тимот на Турново. Одлука за останатите играчи кои побараа да го напуштат ФК Охрид ќе биде донесена деновиве.

Во борбата за опстанок дополнителен проблем за охриѓани ќе биде и суспензијата на теренот на „Билјанини“. ФК Охрид првите две средби од пролетниот дел на шампионатот во Втората лига  како домаќин ќе ги одигра на 100 километри оддалеченост од Охрид.

До стартот на шампионатот има помалку од месец дена, а во првото коло Охриѓани ја пречекуваат штипска Брегалница. На првиот натпревар во Штип, Охриѓани ремизираа 2-2.

исправка:

Во првично објавената вест,Ohridnews,  пренесе информација на  официјално лице на клубот, дека ФК Охрид го презема „Лоте-Компани“. На интервенција на двете споменати фирми во текстот извршена е корекција. Редакцијата на Ohridnews им се извинува на двете компании за направениот ненемерен превид кој се должи на неточната информација од од ФК Охрид.

[email protected]