Поради лошото време и ниските температури голем број туристи го напуштија Охрид.
Поради дождот дел од гостите , а особено домашните, го прекинаа одморот и се вратија дома.
Голем број аранжмани во хотелите и приватното сместување се откажани, а чаршијата синоќа беше полупразна.
– Ќе си одиме, со оглед на тоа дека сме дојдени за вода да се капиме, веќе нема зошто да седиме тука, дожд и слично имаме и дома, ни вели еден домашен турист кого фативме на „бегање“.
За разлика од домашните, странците остануваат. Велат дека ништо не може да ги поколеба да си одат дома. Па Охрид не е само плажите, има и други понуди, вели еден српски турист.
Метеролозите најавуваат стабилизирање на времето веќе од денес и повисоки температури.
Мики Трајковски