Женската ракометна експедиција на Вардар имаше лоша увертира за клучниот натпревар во Лигата на Шампиони против Крим во Словенија. Aвионот на „вардарки“ имал големи проблеми при слетувањето, што го објасна црногорската репрезентативка Јованка Радичевиќ за медиумите.
– Беше хаос. Авионот започна со слетување и започна да се лула. Во прв момент помисливме дека е само турбуленција, бидејќи така изгледаше, ветерот започна да дува се посилно како што се спуштавме. Го видовме градот и пистата, но тогаш авионот се накриви и започна да пропаѓа. Многумина започнаа да врискаат, по што одеднаш се крена нагоре. Никој не ни се обраќаше. Стјуардесата потполно занеме, а пилотот се јави дури 15 минути по ужасната сцена и ни кажа дека бевме под силен страничен ветар и дека ќе се обиде да дојде до пистата од друга страна. Верувајте, беше ужасно, дури и некои од нас на кои не им е страв од летање помислија дека тоа е крај. На сите ни беше тешко потоа, бевме во очајна состојба. Долго време не можев да дојдам на себе. – потенцираше десното крило.
Избранички на Индира Кастратовиќ мора брзо да се консолидираат бидејќи мечот против Крим од исклучетелно значење за понатамошниот развој во ЛШ.
Ohridnews