Душан и Костадинка Лошкоски од селото Оровник, опкружени со своите најблиски-три сина, шест внуци и 12 правнуци, но и со волонтерите на Црвен крст Охрид, вчера ја одбележаа 70 годишнината од својот брак.

Душан роден 1930 и Костадинка родена 1927 се запознале во септември 1948 година, а брак склучиле на 06.02.1949. За прв пат се виделе на нечија свадба, каде Душан како млад девер, бил „бендисан“ од братот на Костадинка за својата сестра, па со стројници братот и таткото од Костадинка отишле кај таткото од Душан за да се договорат за свадба.

Последниве две години во животот на Душан и Костадинка е исполнет и со најразлични активности и дружења во Црвен крст Охрид со волонтерите-нивни врсници од Програмата на грижа за стари лица, што има дава посебен смисол и исполнетост во животот, за што изразуваат голема благодарност до Црвен крст Охрид.

OhridNews