Јубилејното 30-то издание на меѓународниот Атлетски маратон ќе се одржи на 8 септември со почеток во 9 часот без разлика какви ќе бидат временските услови на денот од одржувањето.


Оваа информација за Ohrid News ја потврди, Пецо Неданов кој е претседател на здружението кое го организира маратонот.

– Маратонот во минатото се одржувал и со снег на патеката, а не пак на дожд. Нема да има одложување, маратонот ќе се одржи. – кратко изјави Неданов.

На 8 септември маратонците од Св. Наум ќе тргнат во 9 часот, а на градскиот плоштад каде е целта се очекува да пристигнат нешто после 10 часот.

Годинешното издание на Атлетскиот маратон можеби ќе биде и последно, откако здружението неможе финансиски да ја издржи целокупната организација.

Мх.П.