Вработените во администрацијата на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска во соработка со медиумите започна со чистење на отпадот покрај магистралниот пат Охрид Свети Наум. Се чистеше потегот од Хидробиолошкиот институт до Рача, и во Градиште.
На овој начин сакаме симболично да испратиме порака до граѓаните, но и до гостите дека треба многу повеќе да се грижиме за животната средина, истакна директорот на јавното комунално претпријатие, Боро Павлоски. Тој рече дека ваквите акции, кои годинава на неколку пати беа организирани од различни организатори немаат ефект доколку луѓето и натаму продолжат со старите навики и го фрлаат отпадот од своите автомобили покрај патот.
Ваквите акции немаат ефект ако не се менуваат навиките – Боро Павлоски
Дневно ова лето Комуналец од охридските улици, предградијата и плажите подигнува и до 200 тони смет. Павловски вели дека сите расположливи капацитети на Комуналец се ангажирани, но дека во иднина ќе треба да се размислува за набавка на најмалку уште две возила за подигање отпад. Тоj тврди дека отпадот во Охрид се собира редовно, но според него лошите комунални навики на граѓаните се причина за грдата слика која ја создава несобраното ѓубре. Граѓаните фрлаат отпад кога ќе стигнат и каде ќе стигнат и невозможно е да се исчистат секогаш контејнерите кои неретко се празни а ѓубрето е фрлено покрај нив, вели Павловски.
Во акцијата за расчистување на магистралниот пат се приклучија и претставници на повеќе локални и национални медиуми, меѓу кои и Ohridnews. Акцијата за чистење на отпадот покрај магистралата Охрид-Св. Наум ќе продолжи и во наредните денови.
Се чистеше покрај магистралниот пат Охрид – Св. Наум
Охриѓани и многубројните гости во добро расположение и одлична музика ја дочекаа Новата 2025 година По традиција највесело беше на Градскиот плоштад кој вечерва беше полн со расположени луѓе кои уж...
Грижите, проблемите и сите лоши работи оставете ги во старата година Вдишете длабоко и со радост и оптимизам влезете во Новата 2025 Уживајте во празниците во друштво на тие што најмногу ве сакаат и...
Ексклузивно погледнете го најголемото забавно шоу во Охрид „Зимска бајка 2024 – Back to the 90s“ што на новогодишната ноќ се емитува на Охридњуз и на дигиталните платформи на порталот на YouT...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.