Ако сте несреќни во бракот, вашите ризици за развој на болестите на срцето драстично растат, покажало истражување.

Лошиот брак не влијае само врз психата и општото расположение, туку може да предизвика проблеми со срцето, покажало истражување на научници од универзитетот Мичиген Стејт, кои додаваат дека ризикот е особено изразен кај жените.

Според нивните зборови,причината за тоа е што жените често ги задржуваат негативните чувства во себе и затоа имаат поголеми шанси за депресија и со тоа поврзани потешкотии со здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Во петгодишното истражување се покажало и дека ризикот за срцето дополнително расте за луѓето кои се во долготраен лош брак.

Journal of Health and Social Behavior пишува и дека новите наоди укажуваат на потребата од брачно советување и за луѓето на постара возраст.

извор:metro-portal.hr