Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ѕвонко Шундовски и на вториот квалификациски натпревар за ЕП во Данска 2014 година нема да може да смета на услугите на Наум Мојсоски.


Лекарите на македонската селекција на Мојсоски му препорачаа мирување откако ги погледнаа последните снимки од повредата. Причина за подолгата пауза на бекот од Металург се скинатите мускулни влакна ногата.

Во составот за дуелот со Португалија ќе се врати Борко Ристовски откако ја одлежа суспензијата од еден натпревар.

На првиот меч  на домашен терен “црвено жолтата фаланга“ забележаа победа  над селекцијата на Швајцарија.

Мх.П.