Ракометниот клуб Охрид доби лоши вести во пресрет на мечот со Пролет во 10-та рунда Супер лигата, откако Дисциплинската комисија во Ракометната федерација на Македонија ги суспендираше Дарко Георгиевски и Славиша Димитријески за црвените и сините картони во дерби сребата со битолски Пелистер.

Бековите на Охрид ќе паузираат по еден натпревар, исто како и исклучените ракометари на Пелистер голманот Милош Рајичиќ и Иван Димитриовски кои учествуваа после крајот на првиот дел од натпреварот. Георгиевски и Димитријески ќе го пропуштат натпреварот со Пролет, кој охридските ракометари ќе го одиграат в недела со почеток во 19 часот.

Охриѓани во второто полувреме од дуелот со Пелистер покажаа дека можат да се носат со сите недостатоци и неочекувани работи кои можат да се случат во еден меч, победувајќи со 25-22 иако имаа негатива од шест погодоци (18-12).

Суспензијата за Георгиевски и Димитријески е втора санкција од РФМ за охридскиот клуб, кој доби парична казна од 60 000 денари за инцидентот во Прилеп, кога навивачите беа остранети од салата.

OhridNews