Репрезентацијата на Македонија и селектор Игор Ангеловски се соочуват со првиот проблем во пресрет на Европското првенство следново лето, откако поради повреда на коленото од комбинација отпадна Илија Несторовски.
Голгетерот на Удинезе се повреди на еден од клупските тренинзи, а деталните прегледи покажаа оштетување на лигаментите на коленото. За санирање на повредата треба оперативен зафат. Процесот на рехабилитација е долг и трае од шест до осум месеци, затоа Несторовски ќе биде во аут од македонската фудбалска селекција.
Несторовски години наназад е прв избор во нападот на селекторот Ангеловски. Најверојатно, местото во нападот на Несторовски покрај Горан Пандев ќе го заземе Александар Трајковски.
Европското првенство во фудбал стартува на 11 јуни, а завршува на 11 јули.
OhridNews