Имунитетот е тоа што ни треба во овие ладни денови кога вирусите и бактериите се на сите страни, а она што е во цела приказна најлошо е фактот што обично сами го уништуваме со своите лоши навики.
Затоа, за почеток е добро да ја отстраниме лошата навика да остануваме будни во текот на ноќта од различни причини, било да е некоја забава или седење пред компјутер. Бессоните ноќи имаат директно влијание врз падот на имунитетот бидејќи слабее и го заморува организмот кој потешко се бори со малите инфекции. За потсетување, здравиот сон за возрасна личност е седум до девет часа во текот на ноќта.
Лошата исхрана исто така ќе ни донесе проблеми, особено ако ги прескокнуваме оброците и на тој начин го изгладнуваме телото кое станува поподложно на сезонски инфекции и вирози. Јадете здраво, не само поради грип или настинка, туку и поради подолг и поквалитетен живот.
Физичката неактивност носи склоност кон вирози, а кога знаеме дека е потребно само половина час физички вежби, возење велосипед или прошетка за телото да се наполни и да зајакне, тоа навистина не би требало да претставува пречка во секојдневниот распоред.
Можеби не би се сетиле ведаш, но потиснувањето на емоциите исто така има значајно влијание врз имунитетот. Конструктивната “кавга“ или размена на мислења има позитивно влијание врз имунитетот, затоа дозволете им на емоциите да излезат, се разбира, во границите на нормално однесување.
За крај, се разбира, кралот на сите зла во нашето тело – стресот. Секојдневниот стрес докажано го заслабнува имунитетот и не прави поподложни на грип, вирози и останати сезонски проблеми со здравјето.
Затоа запомнете – нема нешто што добра секојдневна прошетка по свеж воздух нема да го реши.
извор:metro-portal.hr