Сакате да имате убава коса? Ништо полесно, велат светски познатите фризери, се што треба да направите е да се ослободите од овие лоши навики.
Здравата и убава коса привлечна е за двата пола,па не штети да ги дознаете советите на светски познатите фризери за нега на косата.
Еве што не треба да правите:
-Да ги кубете испуканите врвови-на тој начин ја истенчувате косата што не може да се поправи, подобро да ги исечете со остри ножици ако не можете да одите на фризер.
-Четкање на водена коса-повеќето тоа го прават со стари и лоши четки, што е погубно за косата. Вреди да се вложат пари во нова четка која тоа ќе го направи беспрекорно.
-Спиење со реп-пред спиењето задолжително извадете го стегачот од косата, бидејќи додека спиете косата ќе ви се крши на местата каде што сте го оставиле стегачот.
-Да се користат стари стегачи-стари и оштетени стегачи ќе ви ја кинат косата секогаш кога ги вадите од косата, кога ќе забележите дека е оштетен, фрлете го.
-Ставање на лак за коса преблиску до главата-лакот за коса треба секогаш да се прска од поголема оддалеченост за да не се оштети косата на местото кое е најблиску до млазот од спрејот.
извор:metro-portal.hr