Противникот на Охрид во претпоследната рунда од регуларниот дел од Супер лигата, Тинекс Пролет е една од малкуте екипи кои имаат позитивен скор со „гладијаторите“ во Билјанини Извори.
– Имаме негативен скор со Тинекс Пролет на домашен терен, што ни дава мотив повеќе за мечот кој ни престои. Сезонава во Скопје ги совладавме, а сите се надеваме дека ќе го повториме тој успех и ќе ставиме точка на нивната победничката серија во Охрид. – рече Иван Тасески.
Мечот со „пролетерите“ е последен за охридските ракометари на домашен терен од регуларниот дел од сезоната. – Мотивите наши се секогаш победа без разлика со кој противник играме. Овие мечеви ни користат за загревање за оние кои не очекуваат во плејофот. Таму пак нашата цел ќе биде излез во Европа, а за тоа пак ќе ни треба помош од публиката. – додаде крилото Крсте Андоновски.
Човекот на одлука на мечот со Прилеп, Благојче Трајкоски се надоврза на своите соиграчи. – Ни под разно не смееме да ги повториме грешките од натпреварот со Прилеп кој на крајот го добивме. Во иднина треба да играме констатно добро и организирано во сите 60 минути.
„Гладијаторите“ натпреварот со Тинекс Пролет го играат во 20:15 часот, а билетот изнесува симбилични 30 денари.
Мх.П.