Репрезентативецот на Јужна Кореја, Хонг мин Сон беше творец на миналната победа (1-0) на Тотенхем против Манчестер Сити во првиот меч од 1/4 финалето во ЛШ, но Хуго Лорис е херој. Капитенот на „петлите“ одбранувајќи го пеналот на Серхио Агуеро спречи натпреварот да добие спротивен тек.

  • Добар натпревар и голема победа.  Многу беше теко, но се трудевме и на крајот се исплатеше. Се надевам дека повредата не е сериозна. Лошо е чуството кога најдобриот играч излегува со поткривнување и го немаш на располагање. Но ние покажавме карактер и само поради тоа ја заслуживме победата. Пеналот кој беше досуден после прегледувањето на ВАР снимка не го видов, но мора да се прифати одлуката и да се продолжи понатаму. Успеав да го одбранам пеналот и да му дадам енергија плус на мојот тим. – изјави Лорис.

Хари Кејн настрада после стартот на Фабијан Делф и ќе мора да се сочекаат анализите кои најпрецизно ќе покажат колкава е серизноста на повредата. Реваншот се игра на 17 април.

OhridNews

ЛШ: Ливерпул сигурен против Порто, Сон го казни Манчестер Сити (видео)