Серијата без победа на „кралевите“ во шпанската Примера и не допадливата игра на „галактикосите“ го разниша столчето на Јулен Лопетеги кој кормилото во Реал Мадрид го презеде оваа сезона. Шпанскиот стручњак се соочува со голем притисок кој би можел да резултатира со отказ.

Во случај на предвремено раскинување на договорот на Реал Мадрид и Лопетеги, прв кандидат е италијанскиот стратег Антонио Конте кој е без ангажман после отказот од Челси на крајот од минатата сезона. 49-годишниот стратег две сезони помина на Стемфрод Бриџ. Во првата доминатно стигна до титулата, додека во втората не му тргна најдобро и екипата заврши на петтата позиција.

Реал Мадрид и покрај лошиот почеток на сезоната во Ла лига заостанува само два бодови зад водечката Севилја, но загрижува фактот што екипа која го носи епитетот актуелен европски шампион не може да постигне погодок четири натпревари во серија.

Лопетеги на клупата го наследи Зинедин Зидан кој се уште е без ангажман, а мора да се напомене дека остана без Кристијано Роналдо кој после девет сезони го напушти Мадрид и замина во Јувентус.

OhridNews