Познатиот часовник кој го краси британскиот парламент и кој важи за симбол на точност, Биг Бен, во последно време доцни шест секунди, објавиле официјалните лица. Овој часовник, стар 156 години се огласува на секои 15 минути, а секој час го обележува со карактеристична мелодија од длабоки тонови. Неговата „неточност“ ја воочиле вработените во радиото Би Би Си, кои секој ден во живо го пренесуваат огласувањето на Биг Бен во 18 часот. Иан Весворт, еден од трите лица кои го одржуваат Биг Бен, изјавил дека тој со годините станал малку „со мушички“.

 

Официјалните лица на парламентот соопштија дека механичарите успеале да ја доведат работата на часовниот во границите на „нормални параметри“, на две секунди од точното време, како и дека мајсторите и онатаму ќе го дотеруваат Биг Бен. Откако е изградена, неоготската кула на британскиот парламент е еден од најпрепознатливите симболи на Лондон, а звукот на нејзиниот часовник не сопре и за време на германските воздушни напади во Втората светска војна. Биг Бен остана нем само во неколку наврати поради поправки или временски неприлики. Иако целата кула популарно се нарекува Биг Бен, тој назив всушност се однесува на 13 тона тешкото звоно во неа. Кулата во 2012 година го добила името Елизабетина Кула, со што се обележани 60 години од владеењето на кралицата Елизабета Втора.