Градските ривали Челси и Арсенал, вечерва, со почеток во 21 часот на Олимпискиот стадион во Баку ќе го одиграат финалниот натпревар во Лигата на Европа.
Титулата од второто по ранг напреварување во Европа ќе значи спас на сезоната за двете екипи. „Сините“ турбелетната сезона ќе ја финишираат со трофеј, а „топчиите“ со титулата ќе ја исправат грешката од Премиер лигата откако финишираа на петтата позиција и не успеаја да обезбедат пласман во Лигата на Шампиони.
Во финалето Челси ќе атакува на втората титула во Лигата на Европа, додека Арсенал ќе брка сефте трофеј од европските натпреварувања.
Главен судија на натпреварот е Италијанецот Џајнлука Роки. Искусниот судија ќе има помош од ВАР системот кој ќе дебитира во Лигата на Европа, бидејќи не се користеше во мечевите од нокаут фазата.
OhridNews