Велика Британија не може целосно да биде заштитена од тероризмот и напад сличен на неодамнешните на европските континент е прашање на време кога ќе се случи, предупреди шефот на лондонската полиција. Mедиумите на Островот пишуваат дека специјалните служби истражуваат најмалку четири случаи во врска со подготовка на терористички напади во Обединетото Кралств, пренесува „Макфакс“. 

Предупредувањето на челникот на Метрополитен полицијата, Бернард Хоган-Хоув, ја појаснува актуелната процена за нивото на „сериозна“ закана од меѓународен тероризам и тоа е на сила по низата напади во Германија и во Франција, од кои некои се поврзани со исламистичките милитанти.

Според Хоган-Хоув, луѓето во Велика Британија се сé повеќе загрижени дека тие се следните на удар.

„Го чувствувам и го разбирам тој страв, и како полициски службеник задолжен за спречување таков напад знам дека сакате да ве разуверам во врска со тоа. Стравувам, меѓутоа, дека тоа не можам целосно да го сторам“, вели шефот на лондонската полиција на својот блок кој го објави Mail on Sunday.

„Нивото на закана веќе две години е означено како ‘сериозно’ и такво останува. Тоа значи дека напад е многу веројатен – може да се каже дека прашањето е ‘кога, а не ако’“, вели Хоган-Хоув.

Претходно Хоган-Хоув изјави дека последната година во Велика Британија биле спречени осум терористички напади. Во земјата биле уапсени околу 400 луѓе осомничени за терористички активности.

Новиот министер за безбедност Бен Валас изјави дека се сретнал со сопствениците на најголемите трговски центри во земјата и со нив разговарал за нивните безбедносни планови.

„Во атмосферата на настаните во Франција и Германија, владата сака да обезбеди трговските центри и стадионите, каде со собираат маси луѓе, да добијат поддршка каква што им е потребна“, изјави министерот за Sunday Times.

Висок разузнавачки извор изјави за весникот е Sunday Times дека во моментов се истражуваат четири до пет дела, во кои постоела намера за извршување терористички напад.

Весникот, исто така, пишува дека британските безбедносни служби во последните три години спречиле повеќе од 900 обиди на нивни државјани да заминат во Сирија и во Ирак за таму да војуваат на страната на џихадистите.

OhridNews
ивор: „Макфакс“