За сите оние кои сонуваат да одат на сафари, но тоа не можат да си го дозволат, зоолошка градина во Лондон има решение, љубителите на дивината наскоро ќе можат да преноќат во парк и така да добијат можност да го истражат после заминувањето на посетителите. Според пишувањата на Дејли Мејл, лондонската зоолошка градина планира до пролетта 2016 година, за таа цел, да постави девет дрвени колиби во кои гостите ќе можат да преспијат со звуците на риковите на лавовите.

 

Предвидени се и организирани прошетки низ паркот во друштво на чувари, а учесниците на ова мини сафари ќе можат да присуствуваат и на ниќното хранење на животните. Колибите, од кои секоја ќе биде четирикреветна, ќе бидат подигнати недалеку од кафезите со лавови. За да не се вознемируваат животните, надворешното осветлување ќе биде ограничено. Заинтересираните цела година, освен во јануари, ќе можат да резервираат до шест ноќевања во зоолошката. Понудата важи и за возрасни и за деца.