Лондон има повеќе милијардери отколку било кој друг град во светот, а Велика Британија најголема нивна концентрација по број на жители. Студијата спроведена за дневникот Сандеј Тајмс покажува дека во Лондон живеат 72 милијардери. На второто место е Москва со 48 милијардери, Њујорк е трет со 43, а следуваат Сан Франциско со 42, Лос Анџелес со 38 и Хонг Конг со 34 милијардери. Во Велика Британија има 104 пријавени милијардери кои располагаат со вкупно богатство од 301,13 милијарди фунти, или 368,75 милијарди евра.
Минатата година имало вкупно 88 со вкупно богатство од 300,8 милијарди евра. Богатството на британските милијардери денес далеку ја надминува 2008 година, пред рецесијата, кога нивното вкупно богатство изнесувало околу 247 милијарди евра. Спротивно од тоа, според податоците објавени во петокот, бруто домашниот производ по живел во Велика Британија, а тоа е податок според која често се мери просечното богатство на граѓаните, паднал далеку под БДП за 2008 година и нема да го стигне пред 2017 година.