Општините од Југозападниот плански регион во кој се и Охрид и Струга, наскоро ќе отпочнат постапка за доделување на концесија за регионално интегрирано управување со отпад. Потребните одлуки треба да ги донесат советите на сите 13 општини, кои и покрај декларативните заложби, се уште не ја договориле локацијата на која ќе се гради регионалната депонија.

Како можна локација се спомнуваше и територијата на Дебрца, но оваа идеја беше отфрлена како од тамошната општина и  жителите, така и од експертската јавност и еколошките друштва, а против изградба на регионална депонија во сливот на Охридското Езеро се изјасни и Министертсвото за животна средина.

Најавите се дека регионалната депонија за која тринаесетте општини од регионот решение бараат со години, ќе функционира по принципот на јавно приватно партнерство.

OhridNews