Дерби пресметката во третата фудбалска лига југозапад помеѓу охридските Лескоец и Дебарца од Белчишта заврши без победник 1-1.

Во фер и пријателска атмосфера на теренот во Ресен (поради суспензијата на теренот на Лескоец)   “домашните“ имаа повеќе од играта напаѓаа, а преку Најдовски Аце во 35 мин дојдоа во водство.

И покрај примениот гол “гостите “ не се откажаа од својата стратегија ,контранападот. По серијата промашувања непишаното фудбалско правило ги стигна домаќините .

На десет минути пред крајот, Митрески Игор искористи едно невнимание изби сам пред противничкиот голман и го матираше за конечни Лескоец – Белчишта 1-1 .