Локалните јавни медиуми се заканија со нови протести незадоволни од односот на владата кон нив. Здружението на јавните локални радиодифузни претпријатија на Република Македонија соопшти дека и по дваесет дена од средбата со владините претставници нивните барања сеуште не му биле пренесени на премиерот Груевски, поради што локалните радио и тв станици на 18 октомври повторнио ќе излезат на протести.
Тие бараат на сите вработени во јавните локални радиодифузни претпријатија да им бидат исплатени платите за изминатите девет месеци, да не се кочи процесот на трансформација на претпријатијата и да не се ликвидираат радијата кои немале можност да ја платат проценката на капиталот.
Меѓу 29-те јавни радиодифузни друштва е и Радио Охрид, кое е едно од ретките чија продажба не е оспорена од владата. Радио Охрид неодамна на јавна продажба за 1.520.000 денари го купи компанијата АМАК на охридскиот бизнисмен Венко Шапкар, која најави задржување на вработените и брендот на радиото. Дознаваме дека е можно уште денеска да биде познато дали владата ја прифаќа понудата на Шапкар, бидејќи законскиот рок за жалби истече.
ohridnews