Во Албанија денеска ќе се одржат локални избори на кои ќе учествуваат дури 56 политички партии поделени во две големи коалиции предводени од владејачката Демократска партија и опозициската Социјалистичка партија.
Бројот на гласачите, според Централната изборна комисија , е три милиони и 116.279 гласачи, додека изборите ќе се спроведат во над 360 околии и општини, како и во градот Тирана.
Изборната кампања заврши синоќа со големи митинзи на двете најголеми албански политички партии Демократската на Сали Бериша и Социјалистичката на Еди Рама.
Битката за градоначалник на Тирана ќе ја водат актуелниот Еди Рама и Љуљзим Баша од демократската партија, доскорешен министер за внатрешни работи.
Во коалиција со Бериша е и партијата на Македонците МАЕИ, која има двајца кандидати за градоначалник, а во Тирана ќе го поддржува Баша.
Едмонд Темелко од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ќе се бори за градоначалничко место во Пустец.
На овие избори првпат, иако не под симболот на македонската партија за градоначалничкото место во општина Требиште, област Голо Брдо ќе се бори и Едмонд Османи, актуелен потпретседател на МАЕИ.
Папата Франциск почина утринава во 7:35 часот на 89-годишна возраст, соопшти Ватикан Тој беше 226 врховен поглавар на Римокатоличката црква и суверен на државата Ватикан Починал во Куќата на Света ...
Невообичаено високи бранови го погодија брегот на Австралија при што најмалку шест лица се удавија, а две се водат за исчезнати Рибар починал откако денеска бил однесен од карпа, што е последен во ...
На 18042025 околу 12 часот во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското Eзеро, кај „Канео“, забележано е повредено лице кое потоа со пловен објект е пренесено на градското пристаниште, кад...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.