Наскоро се очекува да биде усвоен документот кој ќе ја креира младинската политика во Охрид. Координативното тело составено од експерти во различни области ги дефинира приоритетите и насоките во кои треба да се одвива животот на младите во локалната заедница. Локалниот младински акционен план  сега подлежи на серија јавни расправи од кои првата беше организирана пред два дена во Општата болница со здравствените работници.  Планот е дополнет со конкретни предлози од страна на  луѓето во здравството, а беше поддржан и од менаџерскиот тим на Општата болница.


Здравствените работници кои с едел од координативното тело за ЛАМП, во текот на јули годинава темелно ги разгледуваа можностите за подобрување на здравствениот живот на младите.


Покрај нив,  во создавањето на овој документ учествуваа и преставници од министерствата за внатрешни работи, за труд и социјална политика, од партиите, воспитно-образовниот кадар, невладиниот сектор,медиумите, луѓе од културниот живот на градот и други.

Проектот, чиј носител е Младинскиот совет на Охрид е поддржан од The Bakan Trust Democracy.

Ohridnews