Општина Охрид упатува повик до граѓаните на Охрид за учество во креирање на буџетот за наредната календарска година.

Локалната власт упатува повик до сите месни заедници, физички и правни лица во понеделник, 11 ноември, во малата сала во општинската зграда во период од 11 до 14 часот да ги достават своите предлози и идеи со цел да учестуваат во креирање на буџетот за наредната календарска година, се наведува во соопштението.

OhridNews