Локалната самоуправа упатува јавен повик за заедничка организација и учество на јубилејниот петти туристички саем „ Скопје Травел Маркет”, што ќе се одржи од 7 до 9 мај во Скопје, на кој што Општина Охрид оваа година ќе биде град – домаќин. Општина Охрид ќе има можност, својата туристичката понуда да ја промовира на голем штанд на централно место во Саемската хала.
За таа цел, Секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид организира работен состанок, на кој што ги повикува претставниците од хотелско – угостителските субјекти, туристичките агенции, занаетчиите и приватните станоиздавачи од Охрид, како заеднички би го организирале учеството и презентацијата на туристичката понуда на градот. Состанок со претставниците од хотелско – угостителските субјекти, туристичките агенции, занаетчиите ќе се одржи на 2- ри април со почеток во 11 часот, а еден час подоцна со приватните станоиздавачи од Охрид.
На саемот со свој штанд ќе учествуваат туристички организации од Турција, Србија, Црна Гора, Бугарија, Египет, Иран и други земји.
OhridNews