Во пресрет на најавената инспекција на Европската ракометна федерација, локалната самоуправа се мобилизира за да се отстранат посочените недостатоци во спортската салата „Билјанини извори“ во Охрид каде од 2-14 декември оваа година треба да се играат натпревари од Европското првенство во ракомет за жени.
согледана состојбата во салата „Билјанини извори“
Во обиколка на салата денеска лично дојде градоначалникот Петрески, заедно со Боро Павлоски-директор на Ј.П. „Охридски Комуналец“, кое стопанисува со салата, како и началникот на секторот за урбанизам, Бранко Арнаудоски, советникот за сообраќај Зоран Шикалески и други одговорни лица во локалната самоуправа.
локалната самоуправа се мобилизира
Салата е во добра кондиција и мислам непотребно се крева прашина околу тоа прашање, ни изјави градоначалникот на Охрид, Петрески. Откога со салата стопанисува локалната самоуправа постојано се подобруваат условите во салата која беше запоставена кога со неа стопанисуваше државата смета Петрески. „Ни останува да направиме уште неколку поситни работи на кои забележува ЕХФ, но тоа се толку мали работи што ние ќе ги санираме пред време“, рече Петрески. Зато сме денеска тука повеќе раководни лица од локалната самоуправа и јавното комунално претпријатие и сите недостатоци ќе ги отстраниме навремено и сами, додаде Петрески. Тој изрази надеж дека државата ќе помогне околу санирањето на охридската сала исто како што вложува и во изградба на салата во Скопје.
Локалната подобар стопан од државата – Петрески
Инспекциски тим на ЕФХ ќе го посети Охрид во март, а финалната инспекција ќе биде во мај. Дотогаш не само што ќе ги отстраниме посочени забелешки туку и ќе направиме многу повеќе за подобрување на условите за спортување во салата, најави Петрески. Тој вели дека локалната самоуправа се соочува со наследени проблеми од државата како што е издавањето на просторот од салата за диско клуб на 15 години, но очекува и ова прашање да биде решено. Петрески смета дека проблемите кои произлегуваат од времето кога со салата стопанисуваше државата се доказ дека со салата во иднина треба да стопанисува градот.
Локланата најави брзо отстранување на недостатоците во спортската сала
Инаку ЕФФ неодамна на ракометните авторитети во земјава им соопшти дека воочените недостатоци во салата во Охрид треба да бидат најитно отстранети, зошто во спротивно постои опасност на Македонија да и биде одземена организацијата на ЕП. Како најголеми недостатоци на салата во Охрид ЕХФ ги наведе:
* Димензиите на теренот за да може да се постават реклами.
* Да се разгледаат ѕидовите што се веднаш зад головите.
* Слаба или никаква инфраструктура за ТВ, за техничарите и за нивната опрема.
* Повеќето простории во салата не се добро поврзани и се без концепт.
* Изгледот на целата зграда.
* Визуелниот изглед на внатрешноста, многу различни бои, портокалово, жолто, сино.
* Капацитетот на осветлувањето.
* Места и услови за новинарите.
Недостатоците нотирани
Локалната ветува дека ќе ги отстрани сите забелешки во најкус можен рок.
Г. Момироски
фото: Васко Бујароски
Во Охрид прва победа на македонската хокеарска репрезентација !
читај повеќе: http://www.ohridnews.com/index.php?mod=2&kat=7&id=3584