Локалната самоуправа Охрид ја поддржа иницијативата на интернет порталот „Ohridnews“ и на Македонското лимнолошко друштво за заштита на Студенчичкото блато.

„Локалната самоуправа принципиелно ги поддржува сите проекти кои имаат за цел реализација на комунални, инфраструктурни и едукативни активности во насока на заштита на животната средина“, се вели во писмото за поддршка што локалната самоуправа го упати до иницијаторите на проектот за заштита на блатото.

Превземањето активности за уредување на дел од Студенчишкото блато претствуваат ангажирања кои локалната самоуправа ги стимулира и поддржува, затоа што се во интерес на локалната заедница и во согласност со програмата за комунален развој на општината, се вели во дописот од локалната самоуправа, која исто така најави активности за санација на делови од Студенчишкото блато.

Ohridnews