– Глетката беше несекојдневна . Целиот пат, во должина од два километри беше под вода, а возењето на автомобил личеше на возење на глисер. Големата вода сама си го пронајде новото принудно корито и директно преку магистралниот пат кај Елешец се влеваше во Охридското Езеро, велат жителите на Елшани.
Тие информираа дека кон местото каде што се излеала реката се упатиле екипи на Македонија пат кои извршиле увид на состојбата, иако како што велат патот е во надлежност на локалната самоуправа од која со децении очекуваат да ги санира оштетувањата на него.
Од здружението на граѓани “Родољуби Свети Илија” и жителите на Елшани очекуваат дека немилиот настан што се случи деновиве, ќе биде повод и причина повеќе за локалната самоуправа од Охрид веднаш да реагира и да помогне во санација на огромните оштетувања на патот кои се многу голема опасност по безбедноста на учесниците во сообрќајот и луѓето.
инфо и фото: “Родољуби Св. Илија“