Охридската локална самоуправа е подготвена да помогне во обновувањето и создавање подобри услови во детските одморалишта на брегот на Охридското езеро.
– Ние како Локална самоуправа создаваме услови тие да можат во иднина да се развиваат, надградуват, реконструираат и да создадат адекватни услови за развој на една вака општествена корисна активност која што навистина сметаме дека и е потребна на Охрид“- изјави Бакрачески.
Градоначалникот додава дека детските одморалишта после осамостојувањето на Македонија го изгубиле своето значење и не биле масовно посетени, како што тоа се случувало во минатото.
– Како Локална самоуправа апсолутно имаме изграден став дека треба да се поддржат ваквите активности и навистина Охрид заслужува да има едно современо детско одморалиште кое во иднина ќе биде убаво катче за забава, рекреација и одмор за децата од Македонија“- вели градоначалникот.
Двете детски одмаралишта „ Славејче“ и „Радости“ во текот на летната сезона организирано ги посетуваат голем број основци од сите градови на земјава.
OhridNews