Советниците од  сите советнички групи, со консензус, донесоа заклучок во иднина донесувањето на локалната планска урбанистичка документација да се донесува транспарентно- во присуство на изготвувачите , нарачателите и медиумите. Целта е се надминат постојаните шпекулации дека Советот на општина Охрид  одлуките од сферата на урбанизмот ги донесува  тајно и штити нечии интереси.

Како што се договорија членовите на Советот на општина Охрид, во иднина, за локалната урбанистичка документација ќе се води транспарентна расправа на надележните комисии , а потоа  со усогласени ставови ќе се расправа на пленарните седници на Советот.Новина е и постигнатата согласност на советничките групи  на седниците на дневен ред да се поставуваат по 5 точки од областа на урбанизмот.

OhridNews