И покрај информациите дека локалната самоуправа оваа година се соочува со недостаток на средства, што би можело да влијае на подготовките за дочек на Новата година, оттаму најавуваат дека и оваа Охрид за новогодишните празници ќе блесне во полн сјај.
Локалната самоуправа ги прави потребните подготовки за украсување на градот за Нова година, соопшти градоначалникот Петрески. На средбата со новинарите охридскиот градоначалник соопшти дека во подготовките се вклучени хотелската асоцијација, асоцијацијата на туристички агенции и здружението на занаетчии, со чија помош како што беше истакнато Охрид и оваа година пред бројните гости ќе се покаже во вистинско светло.
Од локалната најавија дека наскоро ќе бидат познати сите детали околу организацијата на дочекот на Новата година во Охрид.
Според најавите на хотелиерите, комерцијалните сместувачки капацитети во Охрид и оваа Нова година ќе бидат исполнети преку 90%. Најбројни ќе бидат гостите од соседните Србија, Грција и Бугарија.
Г.М.